ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЈАВЕН ЧАС ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

ЈОУ Библиотека "Гоце Делчев" од Гевгелија го одбележа патрониот празник на библиотеката со јавен час на тема: Македонскиот јазик и литература на фонот на македонската писменост. „Наспроти духовната празнина која владее на овие простори во 17 и 18 век, во 19 век, во нашата култура се појавија Гоце Делчев и Крсте Мисирков,

кои јас ги сметам за најзначајни луѓе на македонското просветителство“, рече академик Георги Страделов на јавниот час за македонскиот јазик и книжевност, организиран во салата на Народниот театар во Гевгелија, а по повод одбележувањето на патрониот празник на библиотеката „Гоце Делчев„.

Тој, на многубројните Гевгеличани им говореше извадоци од книгата „Филозофија на македонската литература“, која треба наскоро да излезе од печат и во која многубројните македонски автори, кои учествуваат во овој проект на МАНУ трагаат по дефиницијата на македонското битие, на македонското просветителство и на зрелоста на македонскиот народ.

Покрај Старделов, свое пофално слово за македонскиот јазик и култура во фонот на македонската писменост прочита професор Димитар Пандев. Со ова слово, рече тој, сакам да воспоставам дихотомија меѓу две синтагми, синтагмата за светот како поле за културен натпревар меѓу народите, на Гоце Делчев, и синтагмата за културна акција на нашиот великан Блаже Конески.

Вечерта посветена на празнувањето на патронот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ беше збогатена со византиско пеење членовите на градскиот хор „Гортинија“, под диригентство на Илија Атанасов. По повод патрониот празник директорот на библиотеката Дамјан Ѓуров им додели признанија и пригодни награди на Кети Костаќева, Панде Кацарски и Љубчо Алексовски, кои се прогласени за најактивни читатели во 2017 година

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________