ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

Започна расчистувањето на дивите депонии во општина Гевгелија.

Во акцијата ќе бидат вклучени надлежните општински служби, градежни фирми и ЈПКД„Комуналец“ од Гевгелија. По направениот увид на теренот, во сите населени места, расчистувањето на дивите депонии ќе започне со расчистување на депонијата за градежен шут и друг отпад кај Милци и кај Мрзенска река. Со механизација за расчистување ќе учествуваат фирмите „Анса“ и „Алфа проект“, како и комуиналните служби на ЈПКД„Комуналец“. По расчистувањето на дивите депонии, овие локации ќе бидат заградени, поставени рампи и дежурни служби, така што во иднина на овие мест организирано ќе се депонира само градежниот шут. Компаниите и поединците кои ќе сакаат да го депонираат градежниот шут ќе треба да плаќаат одредена комунална такса. 

На тој начин, со депонирањето на градежниот шут на одредени загрозени локации, ќе се обезбеди заштита на Вардар кај Милци и крајбрежјето на Мрзенска река.

Инаку, расчистувањето на депониите ќе продолжи во сите населени места, а по отстранувањето на истите, ќе се одредат локации за депонирање само на градежен шут.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________