ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

АКЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛЕГЛАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ

Во  општина Гевгелија е покрената акција за утврдување на бројот и квалитетот на леглата што ги издвааат физички лица-сопственици на куќи и станови за издавање.

Имено, се поголем е бројот на издавачи на соби, кои на бројните гости и туристи кои транзитираат крај Гевгелија им нудат ноќевање. Меѓутоа, скоро ниеден од нив, со исклучок на хотелските капацитети, не ги пријавува леглата, а тоа значи дека истите не се категоризирани.

Во општината постојат десеттина физички лица-издавачи на куќи, станови и соби за туристи, односно легла, меѓутоа, повеќето од нив воопшто не се запишани во Регистерот на физички лица-издавачи на соби. Притоа, истите треба да исполнат одредени услови за стандардот на собите и понудениот комфор, согласно Правилникот за категоризација. Врз основа на поднесеното барање од нивна страна, надлежната општинска комисија им издава решение по што треба да постават табла со категоризацијата на објектот. 

Издавачите на соби, исто така, треба да плаќаат туристичка такса од 40 денари по ноќевање, од кои 80% се уплаќаат на општинската буџетска сметка, а 20% на буџетот на РМ. Посебна општинска комисија отпочна со акцијата за евидентирање и регистрирање на сите легла за издавање, нивна категоризација и јавно означување на овие објекти.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________