ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЕЛЕМ ЌЕ ГРАДИ ВЕТЕРНА ЕЛЕКТРАНА КАЈ МИРАВЦИ

Електрани на Македонија ќе гради нова ветерна електрана кај Миравци. За таа цел веќе започна постапката за оформување на неопходната документација за реализација на овој проект. Имено, во рамките на првата фаза од оваа постапка, државната компанија објави оглас за пронаоѓање компанија што ќе го изработи идејниот проект за идниот парк на ветерни електрани „Миравци“.

Енергетскиот капацитет би имал вкупна инсталирана моќност од околу 50 мегавати и номинално годишно производство на електрична енергија од околу 127 гигават - часови.

Ветерните турбини би се граделе на јужниот дел од клисурата Демир Капија, на надморска височина од 390 до 700 метри. Проектот би се изведувал во две фази, при што во првичната етапа е предвидено да се издигнат ветерни турбини со инсталирана моќност од 14 MW. Покрај изградбата на ветерните турбини, со идниот проект ќе треба да се предвиди и изведба на пристапни патишта, платформи, 20 киловолтна кабловска мрежа, трафостаница, далековод и приклучок на преносната или дистрибутивната мрежа. На само неколку километри од овој иден енергетски капацитет, веќе четири години успешно функционира ветропаркот „Богданци“.

Изработката на идејниот проект треба да се заврши во рок од 45 дена од стапувањето во сила на договорот. Од ЕЛЕМ за оваа фаза од реализацијата на ветропаркот ќе издвојат околу 360.000 денари. Компаниите заинтересирани за изработка на идејниот проект ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 14 февруари.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________