ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ГРИП

Иако, во Гевгелија нема многу регистрирани случаеви на заболени од грип, подрачната единица на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес во Гевгелија објави повеќе мерки за заштита од пренесување на инфекцијата на друго лице. Во овие превентивни мерки, кои се доставени до сите училишта и детски градинки, покрај другото се предвидува сместување на заболеното лице во посебна просторија (домашна изолација),

ограничување на пристапот во собата на заболениот, да се избегнува бремена жена да се грижи за заболено лице, заболениот да носи заштитна маска додека во собата престојува друго лице, одржување на хигиена на дишните патишта и хигиена на рацете, одржување на хигиена на просторијата или заедничките простории каде престојува заболениот, често проветрување на собата на заболеното лице, избегнување на превоз на заболено лице во средствата за јавен транспорт, и да не се оди на работа или во училишта за времетраење на болеста. 

Исто така, треба да се применуваат и мерки за заштита кои се однесуваат на блиските контакти, а мерките за заштита треба да се почитуваат особено при директни активности кои се поврзани со заболеното лице, при што можностите за контакт со секрети од дишните патишта, а со тоа и ризикот за пренесување на инфекцијата е значително поголем.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________