ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВО МАРТ

Советот на општина Гевгелија, согласно донесениот календар на активности, во текот на месец март треба да расправа по скоро педесеттина информации, извештаји и други акти од делокругот на неговото работење. На почетокот Советот ќе ја разгледува Завршната сметка за извршување на Буџетот на општина Гевгелија за 2017 година, како и завршните сметки на сите основни училишта,

детски градинки и локални јавни установи. Исто така, на дневен ред ќе се најдат и извештаите за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2017 година, на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2017 година, како и другите буџетски програми. До крајот на месец март Советот на општина Гевгелија треба да го разгледа и усвои Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2017 година, а треба да ја донесе и Програмата за работа на новоформираниот Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2018 година.

На дневен ред од работата на Советот на општина Гевгелија во март ќе се најдат и други прашања и акти од надлежност на овој орган на локалната самоуправа.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________