ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СРЕДБА НА ЗБРАТИМЕНИТЕ ОПШТИНИ ВО ЈАБЛАНИЦА

За време на одбележувањето на Денот на општина Јабланица, градоначалникот Салем Дедиќ приреди прием за членовите на делегациите од збратимените општини Гевгелија, Република Македонија, Параќин и Инџија, Република Србија и градот Пазин, Република Хрватска. Градоначалникот на Јабланица на гостите, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, им го претстави промотивното видео „Инвестирајте во Јабланица“.

 

Покрај ова на средбата беа разменети искуства за функционирањето на локалните самоуправи, идната соработка меѓу општините, но и помеѓу бизнис заедниците во збратимените општини.

Интересно е да се одбележи дека по обновувањето на меморандумот за соработка меѓу општина Гевгелија и општина Јабланица во 2008 година, беа разменети повеќе средби на претставниците на двете општини. На една од овие средби во Гевгелија збратименото семејство беше проширено, со збратимувањето на општина Јабланица со општина Инџија и градот Пазин. Ваквата соработка континуирано се одржува и збогатува со културна размена, размена на проекти и заедничко учество во програмата „ЕУ за граѓаните“. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________