ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ГИ УСВОИ ПРОГРАМИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА СПОРТОТ, КУЛТУРАТА, МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ И НВО

Советот на општина Гевгелија на својата осма седница расправаше по повеќе точки, а притоа, донесе одлука за надоместок на трошоците на организаторите на изборната кампања за локалните избори 2017 година, на кои им се исплаќа од општинскиот буџет по 15 денари за секој добиен глас.

За реализација на оваа одлука Советот на општината на вчерашната седница донесе и одлука за пренамена на средства од Буџетот на општина Гевгелија за 2018 година.

На осмата седница советниците ја усвоија Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2018 година за чија реализација се предвидени 9 милиони денари. На јавниот повик се пријавиле 29 апликанти од кои се прифатени 24.

Советот на општина Гевгелија  ја усвои Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата за која годинава аплицираа 54 апликации, а се одобрени за реализација 49, за што во општинскиот буџет се предвидени 4 милиони денари.

Во Програмата за поддршка на месните заедници, што ја усвои Советот, ќе бидат финансирани проектите и активностите на деветте месни заедници кои поднеле апликации, а од одобрениот буџет во износ на 600.000 денари, ќе се финансираат и изборните активности и техничкото опремување на месните заедници. Усвоена е и Програмата за финансирање на проектите и активностите на НВО, за чија реализација се предвидени 700.000 денари, од пријавените 15 апликации одобрени се 13.

Советот на општина Гевгелија го усвои Извештајот за извршениот попис во општина Гевгелија и програмата за работа на ЈПКД„Комуналец“, а даде позитивно мислење за изведување на ученички екскурзии на учениците во 5-то одделение во ООУ„Крсте Мисирков“ во Гевгелија.  Советот не ги усвои годишните извештаи и програми на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ и на ЈОУ Дом на културата во Гевгелија.

На вчерашната седница советниците беа информирани од претставниците на ЗГ „Спас за нас“ за актуелните активности со отворањето на рудникот за бакар и злато Казандол кај Валандово, по поднесеното барање од сопственикот за издавање на А-интегрирана дозвола и нивното барање за организирање на јавна расправа. Од страна на градоначалникот на општина Гевгелија беше соопштено дека согласно член 103, став 4 од Законот за минерални суровини, а по поднесеното барањето од компанијата „Сардич“ МЦ ДООЕЛ Скопје за издавање на А интегрирана еколошка дозвола за рударскиот комплекс „Казандол“, до Министерството за животна средина веќе е поднесено барање за одржување на јавна расправа.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________