ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОРГАНИЗИРАЊЕ ИЗБОРИ И ОПРЕМУВАЊЕ НА СИТЕ МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

Во општина Гевгелија постојат 17 населени места, но, во скоро половината од нив не функционираат месните заедници. Оттука и потребата за организирање на избори и формирање на органи на месната самоуправа во сите населени места во општината. За таа цел, во Програмата за финансирање на активностите на месните заедници,

за чија реализација од општинскиот буџет ќе бидат издвоени 600.000 денари, покрај проектите и активностите на месните заедници, е предвидена и финансиска поддршка за организирање на избори во сите населени места. За изборните активности и техничко опремување на сите месни заедници во општината од општинскиот буџет ќе бидат издвоени 350.000 денари, со цел за заживување на месната замоуправа, но и обезбедување услови за работа и редовна комуникација со локалната самоуправа.

Исто така, во Програмата за финансирање на активностите на месните заедници се обезбедени средства за финансирање на проектите и активностите во девет населени места за кои од страна на месните заедници беа поднесени апликации. Станува збор за манифестации по повод панаѓурите, одделни празници и настани во населените места. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________