ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ТРКАТА ЗА МИРОТ НА 7 МАРТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Трката за мир, глобална штафетна трка во која се вклучени маратонци-волонтери од целиот свет, на 7 март, во среда, пристигнува во нашата земја од соседна Грција, преку граничниот премин Богородица. Трката по влезот во Гевгелија и движејќи се по улиците „С.М.Данко“ и „7 ноември“, ќе пристигне во центарот на градот, каде што на шеталиштето пред супермаркетот „Кит Го“, во 9 часот, ќе биде организиран свечен пречек. 

Интернационалниот тим на маратонци-волонтери ќе му го предаде факелот на мирот на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, по што ќе биде изведена пригодна програма. Потоа, факелот носен од ученици-спортисти од СОУ„Јосиф Јосифовски“ и двете основни училишта во Гевгелија ќе се упати, по улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“, од каде што ќе биде испратена.

Трката за мир е основана во 1987 година, се одржува секои две години, а на европскиот континент минува низ 49 земји и претрчува 24.000 км. Годинава во нашата земја Трката за мир ќе престојува по 31-ви пат, а по Гевгелија, факелот ќе биде носен низ повеќе општини и ќе пристигне во Скопје, од каде што ќе ја напушти нашата земја.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________