ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА 95 ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА, СПОРТОТ,НВО И МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

Советот на општина Гевгелија на последната седница ги усвои  Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2018 година,  Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата, Програмата за поддршка на месните заедници и Програмата за финансирање на проектите и активностите на НВО во 2018 година.

Станува збор за буџетски програми изработени врз основа на распишаните јавни повици пред крајот на минатата година на кои свои апликации поднесоа 107 здруженија на граѓани, јавни установи, месни самоуправи, НВО и поединци. Советот одлучи со програмите финансиски да се поддржат вкупно 95 проекти и активности, за која цел во Буџетот на општина Гевгелија се предвидени 14.300.000 денари.

Сите одобрени програми се објавени на веб страната на општина Гевгелија, под линкот „Надлежности“.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________