ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ТРКАТА НА МИРОТ ПРЕЧЕКАНА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Трката за мир, глобална штафетна трка во која се вклучени маратонци-волонтери од целиот свет, денес пристигна во Гевгелија. Факелот на мирот, на својот пат низ 49 европски земји, тргна од Софија, а по Грција пристигна во нашата земја, преку граничниот премин Богородица. Интернационалните маратонци, придружувани од млади спортисти од ООУ„Владо Кантарџиев“ и ООУ„Крсте Мисирков“,

денес предпладне го донесоа факелот на мирот во центарот на градот и му го предадоа на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

-Ми причинува посебно задоволство што Гевгелија се најде на патеката на мирот, долга 24.000 километри, бидејќи под ова јужно поднебје и во овој пограничен регион мирот отсекогаш претставувал голема и значајна придобивка. Затоа, дозволете ми

да им се заблагодарам на учесниците на Трката за мирот и на подржувачите од Гевгелија, младите луѓе, спортисти, кои се приклучија во носењето на факелот на мирот. Истовремено, сакам да Ве поздравам, бидејќи на овој начин сите заеднички се

приклучуваме кон глобалното семејство за мир, рече градоначалникот Сашо Поцков.

По пригодната свеченост и предадените благодарници за поддршката на трката на двете гевгелиски училишта и на општина Гевгелија, факелот на мирот се упати кон Стојаково и Богданци, а по Валандово и Демир Капија, вечерва ќе ноќева во Неготино. Во нашата земја трката на мирот, која е основана во 1987 година, од кога се одржува секоја втора година, ќе престојува три дена.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________