ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНИ СИСТЕМИ ВО СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Изградбата на канализациони системи во сите населени места е еден од приоритетите на општина Гевгелија, кој веќе започна да се реализира. За реализација на ваквата определба е неопходна изработка на техничка документација имајќи предвид дека од вкупно 17 населени места, седум се уште немаат канализациони системи.

За таа цел, општина Гевгелија аплицираше на јавниот повик на Министерството за животна средина со проектот за изработка на техничка документација за изградба на канализациони системи во Ново Конско, Кованец, Петрово, Габрово, Ума, Конско и Серменин, додека пак за документација за канализационен систем во Смрдлива вода апликацијата е поднесена преку Југоисточниот плански регион. 

Инаку, приоритет годинава ќе се даде и на изградбата на канализационен систем со пречистителна станица во Милетково, за што веќе има изработено комплетна техничка документација.

Досега нови канализациони системи се изградени во Прдејци, Мрзенци, Давидово и Моин, а заложба на општината е во овие населени места системите да се заокружат и со изградба на пречистителни станици.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________