ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВО МАРТ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД ГРИП НАМАЛЕН НА 32 ЛИЦА

Бројот на заболените од грип во Гевгелија во првата половина од март е намален на 32 лица, соопшти Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија.

Имено, во текот на месец февруари во Гевгелија биле евидентирани 82 пациенти заболени од грип, додека пак вкупната бројка на заболени од грип во првите три месеци од годината изнесува 119. Притоа, најголемиот број на заболени биле регистрирани во февруари, а според пријавените заболени во март очигледно е дека бројката на заболените од грип во општина Гевгелија се намалува. Но, во споредба со минатата година таа е неспоредлива, бидејќи лани само во ноември имало регистрирано само еден пациен заболен од грип.

Сосема поинаква е состојбата со грипот во Република Македонија, бидејќи само во март биле регистрирани 2781 заболен од грип. Ако се има предвид дека во февруари во целата земја биле евидентирани 12.951 заболен од грип, тогаш намалувањето на бројот на заболените е сосема очигледен. Во споредба со минатата година драстично поголем број на жители во земјава биле заболени од вирусот на грип. Во ноември минатата година биле регистрирани 523, а во декември 436 заболени од грип, но, затоа од јануари трендот на заболувања од грип драстично се зголемува.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________