ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

АПРИЛИЈАДА 2018

Со традиционалната манифестација „Априлијада“ и годинава во Гевгелија беше одбележан 1 априул – Денот на шегата и Денот на пролетта. Центарот на Гевгелија, а посебно платото пред Народниот театар се претвори во шаренило од најразлични маски, преку кои децата на креативен начин ја презентираа својата радост кон пролетта. Во центарот на градот најпрво продефилираа најмладите – децата од детските градинки во Гевгелија.

Потоа, следуваа и учениците од основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија.

Сите тие маскирани како Дизниленд, далматинци, пчелички и во какви ли не други ликови се претставуваа на провизорната сцена пред Народниот театар. Бројните граѓани уживаа во прекрасните костими и креативноста на децата и нивните наставници и родители. Манифестацијата ја организираше Пионерскиот дом во Гевгелија, а дел од презентацијата на живописните костими го проследи и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој на најмладите им испорача најубави желби по повод Денот на пролетта и Денот на смеата.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________