ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средните училишта за учебната 2018/2019 година во Република Македонија.

Со конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2018/2019 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование

(техничко образование - четиригодишно траење, стручно образование за занимање - тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Со новиот конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2018/2019 година, во Гевгелија, во СОУ „Јосиф Јосифовски„,Во прва година ќе се запишат 374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми и тоа:во 5 гимназиски паралелки ќе се запишат 170 ученици, во угостителско-туристичката струка 102 ученика во 3 паралелки, во машинската струка 68 ученика во 2 паралелки и во економско-правна и трговска струка 34 ученика во 1 паралелка.

Пријавувањето и запишувањето на учениците, според конкурсот, ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 18 и 19 јуни 2018 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2018 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година. 

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________