ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА-СМОКВИЦА ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ

До крајот на месец април тртеба да биде пуштен во употреба автопатот Демир Капија - Смоквица. Тоа беше потврдено при последната посета на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов на новата  автопатна делница. Притоа, беше нагласено дека се работи за траса долга 17 километри. Една од најоштетените и најпроблематични делници. 

- Но, ние се заземавме ова да се исправи и ќе се исправи, посебно десната страна ни оди во приоритет. Овој дел за триесетина дена треба да биде пуштен, доколку временските услови дозволат - нагласи Зоран Китанов.

Инаку, со изградбата на автопатската делница Неготино - Демир Капија комплетно ќе се заврши Коридорот 10, бидејќи во изминатиот период беа комплетно реконструирани двата правца од Куманово-Миладиновце, исто така коловозната лента беше комплетно санирана во делот Велес -Градско.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави:

- Како што информираше надзорот, се завршуваат работите од десната лента. Така што во наредниот период очекуваме од другата страна на коловозната лента градежната компанија да ја постави градежната опрема, се со цел да се отпочне тој дел на работата.

Целосната изградба на коридорот 10 се очекува да биде готова до јуни годинава.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________