ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИЗБОРИ ВО МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Општина Гевгелија покрена иницијатива за организирање на избори во месните заедници во сите населени места. Имено, во поголемиот број на месни заедници во општина Гевгелија,

како основен облик на месната самоуправа, како и во дел од населените места, каде што ваков облик не постои, се наметнува потребата од нивното формирање. Односно, организирање на избори за членови на Советот на месната заедница или пак формирање на месна заедница. Од вкупно 16 населени места во 6 досега не функционираат месни заедници, а една урбана заедница постоји во градот Гевгелија. 

Затоа, Во населените места каде што мандатот на постојните членови на Советот на месни заедници и претседатели е истечен (или пак претседателите се починати) побарано е да се пристапи веднаш кон организирање на избори во месните заедници. Додека во населените места, каде што не се формирани совети, најпрво, ќе се пристапи  за формирање на Месна заедница.

Првите изборни собири на граѓани веќе се закажани, така во Милетково избори на нови членови на Советоит на месни заедници ќе се одржат во сабота, на 14 април, а во Давидово во недела, на 15 април. Во наредните две недели се очекува и во другите месни заедници да бидат спроведени изборни активности. За таа цел, во општина Гевгелија е формирана посебна комисија која ќе ги следи и ќе им пружа помош на месните заедници. На тој начин, со изборот на овој облик на месната самоуправа се настојува да се интензивираат активностите за подобрување на условите во сите населени места. Покрај буџетските средства предвидени за инфраструктурно уредување на населените места, во програмите за локални патишта и за комунално уредување, општина Гевгелија преку посебнна пгограма ги финансира активностите на месните заедници. За таа цел, пред крајот на минатата година беше распишан јавен повик за аплицирање на која од 17 месни заедници апликации поднеле само 9, кои се вградени во општинската програма. Со оваа програма се предвидени и средства за техничко опремување на седиштата на месните заедници.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________