ЗАКАЖАНА ЕДИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ
- Детали
- Посети: 178
Советот на општина Гевгелија на 13 април 2018 година (петок) ќе ја одржи својата единаесетта седница, на која ќе се расправа по следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточниот развоен плански регион од страна на Владата на РМ,
2. Предлог-Одлука за одобрување на поднесување на предлог – проектот „Одржлив развој на туризмот преку заеднички интегриран прекуграничен пристап" за учество на Втор повик за проектни предлози на Интеррег-ИПА Програма за прекугранична соработка Р.Бугарија-Р.Македонија "
3. Предлог-Одлука за одобрување на поднесување на предлог – проектот „Зголемување на иновациите и одржливоста во заштитените подрачја" за учество на Втор повик за проектни предлози на Интеррег - ИПА Програма за прекугранична соработка Р.Бугарија-Р.Македонија 2014-2020,
4. Предлог-Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година,
5. Предлог-Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019г. за 2017 година,
6. Предлог-Годишен план за вработување во општина Гевгелија за 2019 година,
7. Предлог-Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2017 година,
8. Предлог-Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2017 година,
9. Предлог-Извештај за реализација на Годишната програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2017 година,
10. Предлог-Извештај за реализација на Годишната програма за отуѓување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2017 година,
11. Предлог-Извештај за реализација на Програмата за финансирање на спортски активности во општина Гевгелија за 2017 година,
12. Предлог-Извештај за реализација на Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2017 година,
13. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП бр.418/1 КО Конско (барател: Живко Алчинов од Гевгелија),
14. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП бр.591 КО Габрово (барател: Драган Танов од Валандово),
15. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП бр.656 КО Конско (баратели: Ристо Ѓошев и Билјана Ќаевска од Гевгелија),
16. Предлог-Одлука за утврдување потреба од измена на намената на урбанистичко-планска документација (ГУП на Гевгелија) за КП бр.7517/1 КО Гевгелија (барател: Никола Ристовски од Гевгелија),
17. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на локална урбанистичко-планска документација за КП бр.652/1 КО Негорци (барател: Ѓорге Баламов од с.Негорци),
18. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на локална урбанистичко-планска документација за КП бр.227/5 КО Ново Конско (барател: Перо Ковачев од Гевгелија),
19. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП бр.1158 КО Хума (барател: Ѓорге Танов од Богородица),
20. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП бр.534/3 КО Давидово (барател: Звонко Лазаровски од с.Давидово),
21.Предлог-Одлука за утврдување потреба од измена на намената на урбанистичко-планска документација (ГУП на Гевгелија) за КП бр.7517/1 КО Гевгелија (барател: Јован Јовановски од Гевгелија),
22. Предлог-Решение за давање согласност на Предлог-Статутарната Одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија,
23. Предлог-Решение за давање согласност на Предлог-Годишниот план за вработување на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за 2019 година.
Седницата започнува во 12 часот.