ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОБНАТА РАБОТА ГИ ОПРАВДА ОЧЕКУВАЊАТА ОД ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

Техничко - еколошкиот профил на новата Пречистителна станицата кај реката Вардар, во Гевгелија, веќе се потврди за време на нејзиното пробно работење.

Дури и се надмина, односно покажа достигање на потребното ниво на прочистување со потрошувачка на енергија помало од претпоставеното, велат вработените во новата Пречистителна станица и во консултантскиот тим за реализација на проектот.

Работата на оваа станица веќе обезбедува испуштање на пречистена вода во реката Вардар. Додека пак цврстиот остаток, во облик на згусната тиња, ќе се употребува за прекривка на површините каде што во минатото се вршело депонирање на цврст отпад, како и за изѓубрување на селектирани површини.

Современиоит профил на пречистителната станица, меѓу другото вклучува и систем за континуирано следење, каде што во секое време се отчитува дотокот на отпадни води и работењето на инсталираната опрема. Освен тоа, во рамките на станицата работи и лабораторија која ги анализира примероците на испуштена вода.

Станицата е заштитена од поплави со ѕид, кој што го спречува ударниот пороен бран на реката и е на ниво кое што ја штити од максимално ниво на реката Вардар во сливниот дел на Сува Река.

Локацијата на станицата и нејзините градежни објекти, исто така, овозможуваат и нејзино натамошно напредно работење во режим на терцијален третман, потребен тогаш кога Република Македонија ќе стане полноправен член на Унијата.

Првичните стручни согледувања се недвосмислени - Општина Гевгелија се здоби со еден капацитет за пример не само во Републиката, туку и во регионот.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________