ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!




Notice: Undefined variable: RURL in /var/www/gevgelija.gov.mk1/modules/mod_simpleslider/mod_simpleslider.php on line 169

Notice: Undefined variable: simpleslidersafe in /var/www/gevgelija.gov.mk1/modules/mod_simpleslider/mod_simpleslider.php on line 344

Notice: Undefined variable: loadswf in /var/www/gevgelija.gov.mk1/modules/mod_simpleslider/mod_simpleslider.php on line 360
Please update your Flash Player to view content.

Notice: Undefined variable: enable_app in /var/www/gevgelija.gov.mk1/plugins/content/facebooklikeandshare/facebooklikeandshare.php on line 151

ОДРЖАНА 11.СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Советот на општина Гевгелија на денешната 11.седница расправаше за повеќе предлог-одлуки, предлог-извештаји за реализирани програми и други прашања од делокругот на неговите надлежности.

Советот на општина Гевгелија даде согласност за основање на Регионална депонија и потребната инфраструктура во Југоисточниот развоен плански регион од страна на Владата на РМ, како најдобар начин за брзо решавање на проблемите со управувањето со отпадот, кој значително ќе ги намали трошоците на населението.

Советот донесе одлуки за одобрување на поднесување на предлог – проектите „Одржлив развој на туризмот преку заеднички интегриран прекуграничен пристап" и „Зголемување на иновациите и одржливоста во заштитените подрачја"за учество на Вториот повик за проектни предлози на  Интеррег-ИПА Програма за прекугранична соработка Р.Бугарија-Р.Македонија 2014-2020. 

На седницата беа усвоени Годишниот извештај за работа и за извршување на програмата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година. Советниците, исто така, го усвоија Годишниот план за вработување во општина Гевгелија во 2019 година. На денешната седница на Советот на општина Гевгелија беа усвоени извештаите за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2017 година, Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2017 година, Годишната програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2017 година, Годишната програма за отуѓување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2017 година, Програмата за финансирање на спортски активности во општина Гевгелија за 2017 година и извештај за реализација на Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата  од интерес на општина Гевгелија за 2017 година.

Советот на општината донесе десеттина одлуки за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за неколку катастарски парцели, односно за легализација на дивоградби, врз основа на поднесените барања од страна на граѓаните.

Единаесеттата седница на Советот на општина Гевгелија беше пренесувана во живо на Фејсбук, додека пак одложено снимката како и досега ќе биде емитувана на програмата на локалната ТВ Нова.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________