ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ВО МИЛЕТКОВО

Во населеното место Милетково беше одржан Собир на граѓаните за избор на ново раководство на месната заедница. Собирот го отвори досегашниот претседател Небојша Коцинац,

кој информираше дека поради истечениот мандат потребно е да се изберат нови членови и  претседател на Советот на месни заедници. Во расправата на собирот, на кој присуствуваа и претставници на општина Гевгелија, беше заклучено Советот да биде составен од пет членови. Веднаш потоа се премина на предлагање на можни кандидати.

Присутните жители на Милетково едногласно одлучија во новиот Совет на месната заедница да членуваат Каме Стојанов, Небојша Коцинац, Добре Митров, Љупчо Митров и Слободан Несторов. Новоизбраните членови на Советот за претседател на Советот на месната заедница во Милетково го избраа Добре Митров.

Со изборот во Милетково започнаа изборните активности во месните заедници што ги иницираше општина Гевгелија, а кои треба да бидат завршени до крајот на април. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________