ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРЕНЕСЕНИ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА НА ВЛАДАТА НА РМ

Советот на општина Гевгелија на последната седница даде  согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточниот развоен плански регион од страна на Владата на Република Македонија, согласно член 80 став 12 од Законот за управување со отпад.

Согласно Националниот план за управување со отпад на Република Македонија и Регионалниот план за управување со отпад за Југоисточниот плански регион, потребно е да се воспостави регионален систем за управуање со отпад преку основање на регионална депонија и соодветната инфраструктура. 

Во Физибилити студијата за управување со отпад за Југоисточниот плански регион е утврдено дека вкупните инвестиции за основање на региналниот систем за управување со отпад изнесува 18.587.393 евра, при што минималните финансии што треба да ги обезбеди општина Гевгелија изнесуваат 2.438.962 евра (според бројот на жители), средства со кои општина Гевгелија не располага. Дополнително, согласно со Стратегијата за управување со отпад на Република Македонија, потребно е воспоставување на регионална соработка за основањето на депонијата, без кое управувањето со отпадот не може да биде одржливо ниту достапно за населението. Во овој момент не постои можност сите општини од Југоисточниот плански регион да ја обезбедат потребната финансиска помош со што не може да се основа депонијата со потребната инфраструктура доколку не се обезбеди финансирање од Владата. 

Затоа и Советот на општина Гевгелија донесе одлука со која основањето на регионалната депонија со потребната инфраструктура го доверува на Владата на Република Македонија, како најдобар начин за брзо решавање на проблемите со управувањето со отпадот, а кој ќе биде со најмали трошоци и со цена која ќе биде достапна за населението во Југоисточниот плански регион. 

Што се однесува пак до Времената депонија за комунален отпад, која се гради кај Ново Конско и до крајот на август треба да биде готова, како што е познато, се гради преку УНДП со грант од Јапонската влада. Изградбата на времената депонија се наметна како приоритет за време на бегалската криза и пренатрупеноста на постојната нерегуларна депонија кај Вардар, а дополнително и поради новоизградената пречистителна станица која е пуштена во пробна работа. По изградбата на Регионалната депонија кај Доброшинци, Времената депонија кај Ново Конско ќе биде дел од регионалниот систем за управување со отпад.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________