ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

УЧЕНИЦИ ОД ООУ„КРСТЕ МИСИРКОВ“ ВО НАСТАВНА ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА

Во општина Гевгелија денес престојуваа ученици од четвртото одделение во ООУ„Крсте Мисирков“ во Гевгелија, во рамките на наставната програма за запознавање со работата и функционирањето на локалната самоуправа.
 
Стотина ученици од четвртите одделенија, на средбата со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, беа информирани за функционирањето на општината како единица на локалната самоуправа, за нејзините органи и цели. Градоначалникот Поцков притоа нагласи дека општината е сервис на граѓаните, кој согласно законските надлежности, ги задоволува нивните потреби, преку секојдневни услуги. Но, и преку проекти и активности за подобрување на условите за живот во сите населени места.
 
Учениците од ООУ„Крсте Мисирков“ податално се интересираа за надлежнострите на градоначалникот и на Советот на општината, работата на општинската администрација и воопшто работата на општината. Исто така, поставуваа и поедини прашања, пред се, за реализација на одделни проекти и активности во општината.
 
 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________