ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

НОВА ОПРЕМА ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОДИТЕ ВО ЈПКД„КОМУНАЛЕЦ“

Со одобрениот проект „Одржливо управување на прекуграничните водни ресурси - AQUA-M 2“, за чија реализација на општина Гевгелија

од ЕУ преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Република Грција и се доделени 516.500 евра за регулација на дел од коритото на Сува река, кој стартуваше на 2 април годинава, дел од активностите ќе се одвиваат и во ЈПКД„Комуналец“. На гевгелиското јавно претпријатие му се доделени 123.807 евра за најсовремена лабораторија за мерење на квалитетот на водата. Поточно, со проектот ќе биде набавен најсовремен он-лајн анализатор на 24 часовно мерење и следење на хемиските параметри на реката Вардар. Исто така, ќе биде набавен и он-лајн анализатор за следење на квалитетот на другите води.

Покрај ова со проектот се предвидени и неколку обуки за управување со водите и организирање на повеќе едукативни информативни средби. Од грчка страна партнери на овој проект се Универзитетот Аристотелу во Солун (Одделот за развој на хемиските истражувања), како и општинските водостопански претпријатија во Пеонија и во Халкидона. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________