ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Денот на ЕУ-9 мај во Гевгелија свечено беше одбележан со повеќе манифестации под мотото „Да го прославиме заедно Денот на ЕУ“.

Одбележувањето на 68 годишнината од формирањето на ЕУ започна со традиционалното претставување на четири земји членки на ЕУ – Шведска, Австрија, Грција и Кипар. Пред платото на Народниот театар во Гевгелија беа поставени штандови на која секоја земја беше претставена со пропаганден материјал од страна на учениците од ООУ„Владо Кантарџиев“ и од ООУ„Крсте Мисирков“. Нивната креативност во презентацијата предизвика посебно внимание кај присутните на настанот. На јавната презентација присуствуваше и амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон.

На присутните најпрво им се обрати градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој им упати поздрави од градот кој преку бројни активности и проекти постојано ја унапредува европската соработка со прекуграничните и општините-членки на ЕУ.На тој начин ги приближува своите граѓани со граѓаните во ЕУ.За тоа секако придонесуваат секојдневните контакти на граѓаните од двете страни на македонско-грчката граница.Но и со бројни проекти, реализирани со европски грантови, кои значително ја подобрија инфраструктурната слика во општина Гевгелија.Исто така, придонесоа за јакнење на капацитетот на локалната самоуправа и за унапредување на прекуграничната соработка, рече Поцков. 

-Општина Гевгелија, не само поради својата местоположба, туку и поради функционирањето како единица на локалната самоуправа, отсекогаш настојувала да ги применува европските стандарди.На своите граѓани да им обезбеди слобода, идентитет и благосостојба, како значајни предуслови за вклучување во процесот на сеевропско обединување.Досегашната успешна прекугранична соработка што ја остварува општина Гевгелија и која има значаен удел во добрососедските односи со Грција, е потврда за ваквата наша определба, истакна во своето обраќање градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков.

Поздравувајќи ги присутните, амбасадорот на Кралството Шведска Матс Стафансон зборуваше за значењето на Денот на Европа и четирите основни принципи на слобода што ги промовира ЕУ: слобода на движење и комуникација, слобода на трговија, слобода на размена на услуги и слобода на движење на капиталот. Притоа, ја истакна трансформацијата на мировниот проект за обединување на Европа во 1950 година во комплексен процес кој ги величи европските стандарди и вредбости. Во европското семејство денес имаме 28 членки, но, убеден сум дека во блиска иднина и Македонија, како и другите земји од Западниот балклан ќе станат негови членови. Шведска целосно ја поддржува Република Македонија на патот за европска интеграција, нагласи амбасадорот Стафансон.

Одбележувањето на Денот на Европа во Гевгелија го збогатија и младите пеачи-учесници на детскиот музички фестивал „Распеани дечиња“.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________