ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГАЛА ОПЕРСКИОТ КОНЦЕРТ ГИ ВООДУШЕВИ ГЕВГЕЛИЧАНИ

Гевгеличани синоќа уживаа во Гала оперскиот концерт, кој под насловот „Арија за тебе“ им го приредија првенците на Македонската опера и балет.

Второто гостување на Македонската опера и балет, овој пат во рамките на одбележувањето на Спасовден 2018, предизвика поголем интерес кај гевгелиската публика, која што е уште поважно ја сака и ужива во оперската музика. Пред се, поради извонредниот настап на Ана Ројдева Талевска, Александра Лазаревска-Василев, Злата Тосевска, Дејан Стоев, Невен Силјановски. Секако и поради извонредниот избор на композиции, кои измамија бројни аплаузи. Кога на сето тоа ќе се додаде пијано придружба на Елена Силјаноска, а уште повеќе нејзините интересни најави, тогаш слободно може да се каже дека синоќа во Народниот театар во Гевгелија доистоинствено и во прекрасен амбиент започна одбележувањето на празникот Спасовден. 

На репертоарот на синоќешниот Гала оперски концерт беа изведени  дела од Гуно, Росини, Гершвин, Делибес, Чајковски, Калман, Леонкавало, но и композицијата „Ленка“ од Киро Глигоров и П.Богданов-Кочко. Се разбира, најголеми аплаузи предизвикаа популарните ,,Бесаме мучо,, од Веласкез и  O sole mio од Капуа.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________