ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРВО МЕСТО ЗА ХОРОТ НА СОУ„ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

Младинскиот мешан хор при СОУ „Јосиф Јосифовски“, на државниот хорски натпревар, го освои првото место.

На државниот хорски/оркестарски натпревар оваа година учествува 25 хорови од основните и средните училишта од цела Македонија кои на регионалните натпревари покажале најдобри резултати. Хорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“ беше единствен претставник од нашиот регион на државните хорски и оркестарски смотри. 

Настапите на хоровите ги оценуваше шестчлена комисија од професори, диригенти и претставници од Здружението на музички педагози на Македонија и Бирото за развој на образованието. Секој од хоровите покрај обавезните композиции, изведуваше и композиции по избор зависно од нивната техничка и интерпретациска подготвеност. 

Средноучилишниот хор, под диригентсво на професорот Илија Атанасов, имаше прекрасен настап и беа единствениот хор кој освои највисоки 100 поени, со што уште еднаш докажаа дека се најдобриот училиштен хор во Македонија.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________