ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

НЕДЕЛА НА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

На полигонот за обука на возачи во општина Гевгелија, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, заедно со локалната самоуправа, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, како и Министерството за внатрешни работи преку полициската станица Гевгелија,

ја започнаа акцијата „Недела за безбедност во сообраќајот“. Во рамките на оваа акција ќе бидат организирани неколку манифестации во текот на целата оваа недела заедно со предучилишните установи, основните училишта и Средниот училишен центар „Ј.Јосифовски“, како и земјоделците од општината, а се со цел да се подобри безбедноста на сообраќајот во општина Гевгелија. 

На отворањето на оваа акција, секретарот на РСБСП, Томче Манчев истакна:

-„ Унапредувањето на сообраќајното превентивно дејствување на локално ниво е една од приоритетните цели на РСБСП, па затоа е иницирана и оваа акција која ќе се одвива во седум општини во Република Македонија, а која започнува од Гевгелија. Акцијата ќе биде насочена кон сите групи на учесници во сообраќајот, а се со цел едукација и подигнување на свеста кај нив за безбедно учество во сообраќајот“

-Општина Гевгелија и Советот на општината, секогаш ги подржувале ваквите манифестации на централно и локално ниво, што ќе биде пракса и во наредниот период, бидејќи се водиме од девизата, подобро да се спречи, одошто да се справуваме со последиците, истакна на отварањето на оваа акција претседателот на Советот на општина Гевгелија, Ташко Дојчинов. 

Статистиката покажува дека факторот човек и понатаму е доминантна причина за предизвикување сообраќајни незгоди, многу често и со фатални последици. Така, во 2017 година на подрачјето на СВР Струмица 21 лице го загубило животот во сообраќајните незгоди, од кои 3 лица се од општина Гевгелија, додека 73 лица се повредени. Токму ваквите едукативни акции се потребни за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подолг рок, сметаат во РСБСП.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________