ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ЈАВНИ РАБОТИ

Општина Гевгелија објави јавен оглас за работно ангажирање на невработени лица – активни баратели на работа во Агенцијата за вработување, за изведување на јавни работи.

Невработените лица ќе бидат работно ангажирани за период не подолг  од 22 дена, согласно програмата изготвена од страна на општина Гевгелија. За тоа ќе им биде обезбедена финансиска поддршка од 400 денари по ден или 8800 денари плус персонален данок и осигурување. Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на Агенцијата  за вработување на Република Македонија.

Пријавите од страна на заинтересираните лица се доставуваат до архивата на општина Гевгелија, во рок од 5  работни денови од објавувањето на огласот. Поблиски информации можат да се добијат во општина Гевгелија, а јавниот оглас е објавен на веб страната на општина Гевгелија во Е-општина (Објави).

Инаку, проектот се реализира согласно Оперативниот план на актуелни активности и мерки за вработување во 2018 година, одобрен од Владата на РМ за Програмата за работни ангажирање – јавни работи. Општина Гевгелија аплицираше на оваа програма и ѝ е одобрено работно ангажирање на 12 невработени лица - активни баратели на работа. Невработените лица ќе изведуваат јавни работи согласно доставената програма од страна на општината.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________