ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

КОМEМОРАТИВНА СЕДНИЦА ЗА Д-Р ГЕОРГИ ПЕТКОВ

Во Медицинскиот центар во Гевгелија вчера се одржа комеморативна седница за примариус доктор Георги Петков, специјалист инфектолог, кој почина на 20 мај 2018 година во Непал, во обид да го освои Монт Еверест.

Во присуство на вработени од Медицинскиот центар Гевгелија и членови на неговото потесно семејство, од доктор Георги Петков се прости директорот на Медицинскиот центар во Гевгелија, Митко Крџев.

Тој најпрво ги посочи биографските податоци за Георги Петков, кој основно образование завршува во Стојаково, со средно образование се стекнува во Гевгелија, а дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје. Се вработува најнапред во општата амбуланта во Стојаково, а потоа во Медицинскиот центар во Гевгелија. Успешно ја завршува четири годишната специјализација и станува прв специјалист инфектолог во Медицинскиот центар во Гевгелија. Подоцна неговата професионална кариера ја збогатува и со титулата примариус, со што се етаблира како еден од подобрите инфектолози во Република Македонија. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________