ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ТОМЕ ГЛАВЧЕВ – БИЗНИС ЛИЧНОСТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Томе Главчев, сопственик на македонската текстилна компанија „Ноел“, е избран за бизнис личност во Југоисточна Европа за 2018 година. Признанието му се доделува, според одлуката на жирито составено од универзитетски професори и стопанственици во регионот, за долгогодишно успешно менаџирање  и освојување на светските пазари.

„Оваа извозно ориентирана и модерно организирана фабрика од Гевгелија, со над 800 вработени, е најдобар пример за  „вештините  во донесувањето стратешки одлуки, способност  да се донесуваат и реализираат визионерски одлуки. Ноел е исклучителен пример на македонско и регионално креирање  силен и динамичен економски развој“, се наведува во образложението за признанието на Бизнис личност во Југоисточна Европа -2018, што Главчев ќе го прими во Белград на 19 јуни.

Покрај ова, признанието на Томе Главчев му се доделува и како општествена одговорност што еден успешен претприемач  ја манифестираше во развојот на спортот, пред се, кошарката. Најпрво, преку финансиската поддршка на КК Кожув во Гевгелија, а потоа и преку сопствениот кошаркарски клуб Блокотехна.

Инаку, признанието „Бизнис личност има за цел да ја фокусира јавноста на најуспешните претприемачи во Југоисточна Европа“.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________