ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗДРУЖЕНИЕТО ЛАГ БОЈМИЈА ЈА ОДРЖА ПРВАТА РАБОТИЛНИЦА

Во Домот на култура во Богданци се одржа работилница за усогласување на стратегијата за рурален развој на Локалната Акциска Група (ЛАГ) Бојмија

со националните политики и програми на ИПА механизмот.  Овој настан  се одржа во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во Источниот и Југоисточен плански регион на РМ“, финансиран од Европска Унија, преку “ИПА 2 Механизам за граѓанските организации - IPA2CSO“ / EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK, во партнерство со Здружението  ЦЕЛОР - Центар за локален развој, Радовиш, Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии (ФЛОРИТ) - Гевгелија, Здружението Центар за лековити билки Амрозија - Пехчево и Здружението  Еколошко Друштво ЈАВОР од Зрновци.

На работилницата беа претставени активностите на Здружението за рурален развој - ЛАГ БОЈМИЈА, од страна на претседателот на Управниот одбор на  Здружението, Митко Влахов, додека пак претставник од Центарот за локален развој од Радовиш, Александар Јашков, ја презентираше Националната стратегија за рурален развој на РМ. Во однос на усогласувањето на стратегијата за рурален развој на ЛАГ БОЈМИЈА со националните политики и програми на ИПА механизмот беа дадени доволно забелешки и сугестии, а беа одговорени и сите аклтуелни прашања поставени од страна на присутните учесници.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________