ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

"ДОНКИХОТОВЦИ" ГИ ВООДУШЕВИЈА ГЕВГЕЛИЧАНИ

Завршата манифестација „Донкихотовци“ е резултат на успешната  работа на драмското студио „Дон Кихот“, кое секоја година на гевгелиската публика и приредува интересни изненадувања.

Овој пат изненадувањето, благодарејќи на менторите Даниела Џишева, Тони Аврамов и Катица Џишева Дупаровa, беше многу поразновидно и богато. Што е уште позначајно на гевгелиската публика и се претставија млади актери од неколкугодишни возрасти. На завршната манифестација, организирана во соработка со Домот на културата во Гевгелија, во Народниот театар се претставија најмладите актери, кои ги изведоа драмските едночинки, „Будење“ од Тони Аврамов и „Патување“ од Барбара Синадиноска, „Исчезнатата Снежана“ од Катица Џишева Дупарова,сценографија на Александар Јанев, и „Неиспиено кафе“ под менторство на Даниела Џишева.

За многу кратко време младите актери успеаја да влезат во светот на театарот и почнаа да ги откриваат неговите тајни. Притоа, на задоволство на бројната публика во Народниот театар, покажаа дека успешно се снаоѓаат во театарските улоги. - Нашите мали, а големи актери покажаа дека нивниот од кон театарската сцена успешно започна. Тие ја отворија завесата, застанаа на сцената и ја почувствуваа радоста од аплаузот, изјавија менторите на драмското студио „Дон Кихот“, по успешно изведената завршна манифестација. Најдобра потврда за тоа беше воодушевувањето на публиката и долгите аплаузи.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________