ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

РУСАЛИСКИТЕ ОБИЧАИ, ОРА И ПЕСНИ НА СЦЕНАТА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР

Никола Арнаудов и Антонијо Стојчевски, ученици од Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски Луј" од Скопје, се претставија пред гевгелиската публика со својот проект „Русалија ќи одум“.

Притоа, им понудија прошетка преку ора и песни, низ историјата на машките обредни поворки Русалии, кои се среќавале во југоисточните краеви на Македонија, во периодот на некрстените денови од Божиќ до Водици. Авторите на проектот, врз основа на теренски истражувања на подрачјето во областа „Бојмија“ пронашле интересни обичаи, ора и песни, кои со помош на своите соученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ ги презентираа на  сцената на Народниот театар во Гевгелија. Нивни гости беа Русалиите од Петрич, Република Бугарија, кои на публиката им ги објаснија сличностите и разликите на машката и женската народна носија од етничкиот предел Бојмија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________