ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ЗА 121 МЛАД ПИЈАНИСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во Гевгелија денес започна осмиот Меѓународен натпревар на млади пијанисти од регионот.

На натпреварот учествуваат 121 млади пијанисти од Македонија, Бугарија, Косово и Босна и Херцеговина, кои ќе се натпреваруваат во шест категории. Меѓународно жири кое го сочинуваат истакнати професори и пијанисти од Словенија, Србија и Македонија ќе ги оценуваат пијанистите.

-Натпреварот се одржува веќе осми пат, што несомнено укажува на заинтересираноста на младите пијанисти од целиот регион за учество на истиот. Тоа е добра можност да ги проверат своите знаења, да се промовираат и да се прогласат најдобрите млади пијанисти, како поттик за нивната натамошна кариера. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите учесници, тоа се млади и перспективни пијанисти, кои преку овој натпревар само го унапредуваат своето знаење. Исто така, сакам да се заблагодарам на репрезентативното жири, а секако и на поддршката од општина Гевгелија, која сите изминати осум години финансиски ја поддржува оваа манифестација, изјави претседателот на организациониот одбор Глигор Гелебешев.

Инаку, меѓународниот натпревар на млади пијанисти се одржува денес и утре, и за прв пат, во малата сала на Народниот театар. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________