ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВОЗНИОТ ПАРК НА ТППЕ-ГЕВГЕЛИЈА ПРОШИРЕН СО ТЕРЕНСКО И САНИТЕТСКО ВОЗИЛО

Возниот парк на ТППЕ-Гевгелија е збогатен со специјално теренско возило за локализирање и гаснење на пожар на отворен простор и едно санитетско возило за пружање на прва помош на повредени лица за време на сообраќајќи и други непогоди.

Имено, и двете возила на ТППЕ-Гевгелија и се отстапени преку Дирекцијата за спасување и заштита во соработка со Владата на Република на Македонија, и истите се испорачани веќе во Гевгелија. По тој повод градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денеска ја посети ТППЕ-Гевгелија, кој истакна дека отстапените возила се добредојдени, особено во пресрет на новата летна сезона.

-Овој региот, особено, во летните месеци е изложен на опасноста од пожари поради високите температури. Наша задача е да превенираме и да дејствуваме во случај на пожар.Сметам дека сега имаме технички добро опремена противпожарна единица,а за тоа придонесуваат секако и отстапените возила. Во прв ред, кога се работи за специјалното теренско возило, кое може да дејствува на отворен простор, како што се шумските и непристапни предели, но и автопатната делница, кога е загрозена од пожар. Како општина настојуваме постојано да го обновуваме возниот парк и опрема на ТППЕ-Гевгелија, која е посебно значајна и важна, бидејќи дејствува на терените на општините Гевгелија, Богданци и Дојран. За превентивната акција секако придонесуваат и едукативните акции што ги организира оваа единица, како со младите во училиштата, така и со вработените во стопанските капацитети и во граѓанскиот сектор, истакна градоначалникот Сашо Поцков.

Тој упати и апел до граѓаните на општина Гевгелија, во пресрет на летната сезона да бидат крајно внимателни и да не палат оган на отворен простор и кога престојуваат во шумските предели.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________