ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОШТЕТЕНИТЕ ГЕВГЕЛИСКИ УЛИЦИ

Продолжуваат изведбените работи на  улиците „26 април“, „Јане Сандански“ и „Питу Гули“ во Гевгелија, кои наскоро ќе бидат целосно реконструирани.

Во тек е гребењето на стариот асфалт, нивелирањето на шахтите, по што ќе следи и целосно покривање со нова асфалтна маса. Гребениот асфалт се транспортира веднаш и се користи за санирање на неизградениот дел од патот за Ума, како и дел од патот Негорци-Серменин.

Инаку, како што е познато, во летната акција за изградба и реконструкција на гевгелиските улици, веќе е извршено целосно асфалтирање на улицата „Нако Вардарски“ и дел од улицата „Кочо Рацин“. Работите ги изведува фирмата „Жикол“, која на тендерот даде најповолна понуда. Наскоро се очекува да почне и пополнувањето на уличните дупки, ко ќе го вршат вработените и механизацијата на ЈПКД„Комуналец“.

Летово се предвидува и целосна обнова и асфалтирање и на две други најоштетени улици - „Ѓоко Тутушев“ и „Христо Узунов“. Но, претходно ќе бидат изградени нови канализациони линии и на двете улици со што всушност се решаваат повеќегодишните проблеми по обилните врнежи од дожд, со кои се соочуваат граѓаните, кои живеат на овие улици. Фирмата „Еуроинг“, која го доби тендерот, откако ќе ја добие техничката документација, веднаш ќе започне со изведбените работи.

 Исто така, летово е предвидена изградба на канализациона линија и на улицата „Ѓорче Петров“ во Негорци, по што ќе биде целосно асфалирана. Покрај ова нов асфалт ќе добие и улицата „Лена Манчева“ во Миравци.  

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________