ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОМОВИРАНИ ПЕТ ИЗДАНИЈА ОД СТРИП ЕДИЦИЈАТА "ЛИФТ"

Синоќа, на платото пред Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, беа промовирани пет изданија од стрип едицијата Лифт коишто до сега се излезени од печат.

Минатата година издавачката куќа „Темплум“ започна една нова графичка едиција насловена како Лифт. Станува збор за едицијата која ја продолжува и осовременува традицијата на стрип списанието „Лифт“ кое излегуваше од 1995 до 2001 година.

На промоцијата во Гевгелија зборуваше еден од промоторите, Никола Гелевски, кој истакна дека за прв пат во Гевгелија ги промовираат петте графички новели. 

-Порано се нарекуваа стрипови, бидејќи служеа за занимација на децата и се продаваа во трафики. Но, во поново време, поради луксузните изданија, со тврди корици и во колор, стрипот почна да се нарекува графичка новела. Кај нас, во Македонија, ова го правиме само ние, и затоа вечерва сме овде да на гевгеличани им ги претставиме петте графички новели, кои се вистински ремек дела. Автори на овие графички новели се Кирчо Арсовски од Македонија, и едни од најславните автори од Шведска, Франција и Америка, Петерс, Бехдел, Сет, Ибер и Кераскует, рече Гелевски.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________