ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗАЖАНА 15.СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко Дојчинов, 15. седница на Советот ја закажа на  13 јули, 2018 година, во петок. На оваа последна седница пред годишните одмори ќе се расправа по предложениот дневен ред:

 

1.Предлог-Одлука за зголемување на Буџетот на општина Гевгелија за 2018г.  (за донаторската сметка на СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија),

2.Предлог-Одлука за обезбедување финансиски средства  од Буџетот на општина Гевгелија за финализирање на проектот за водоснабдување на општина Гевгелија,

3.Предлог-Одлука за давање на користење на простории во сопственост на општина Гевгелија за потребите на Министерството за труд и социјална политика,

4.Предлог-Одлука за отуѓување моторно возило во сопственост на општина Гевгелија ( за донираниот автобус од ЈСП Скопје),

5.Предлог-Решение за разрешување носители на функции во штабот за заштита и спасување во о.Гевгелија,

6.Предлог-Решение за именување носители на функции во штабот за заштита и спасување во о.Гевгелија,

7.Предлог-Одлука за измена на Одлуката за формирање универзални единици за заштита и спасување во о.Гевгелија,

8.Предлог-Решение за давање давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на цената на услуги на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за градски пазар и депонија, бр,02-95/5 од 25.01.2010г.

9.Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за намалување на цената на услугите за прочистување отпадни води на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија,

10.Предлог-Решение за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за 2018 година.

Седницата ќе започне во 11 часот.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________