ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗАШТИТЕН ПОЈАС ОКОЛУ ДЕПОНИЈАТА ВО НЕГОРЦИ

Комуналните служби на ЈПКД„Комуналец“ денес започнаа со прокопувањето на заштитен појас околу депонијата кај Негорци.

И покрај редовното чистење и оградување, оваа депонија, главно, поради неодговорниот однос на граѓаните, претставува закана, особено во летните месеци. Пред се, поради опасноста од потпалување и загрозување на околната животна средина.

Затоа комуналците со потребната механизација, заедно со вработени во ТППЕ-Гевгелија, прокопуваат канал околу депонијата со што ќе се обезбеди заштитен појас. Истовремено, се врши и расчистување и складирање на комуналниот отпад се со цел да се обезбедат услови за нормално депонирање на отпадот. Ефектите од оваапревентивна акција ќе бидат поголеми доколку и граѓаните, не само од Негорци, туку и сите оние кои заминуваат и се враќаат од Серменин и планината Кожув не го расфрлаат ѓубрето насекаде.

-Како општина пролетва организиравме една акција за чистење на дивите депонии во населените места, во кој беше вклучена и механизацијата на градежните фирми. Овој пат се зафативме со обезбедување на заштитен појас и средување на депонијата над Негорци, која претставува потенцијална закана, како од потпалување, така и од загрозување на околината. Во оваа акција неопходно е да се вклучат и граѓаните, бидејќи некои од нив со  неконтролираното фрлање на отпадот на оваа депонија, но и на другите локации во населените места, повторно предизвикуваат проблеми. Затоа и побарав поголема ангажираност и присуство на теренот на општинската комунална инспекција и комуналните мерки, бидејќи ваквите и слични акции што ги правиме ќе бидат безмислени без поддршка од граѓаните, - изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, при обиколката на депонијата кај Негорци.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________