ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ВО НЕГОРЦИ

Со изградбата на новата канализациона линија на улицата „Ѓорче Петров“ во Негорци започнува втората фаза од летната акција за инфраструктурна обнова на одделни улици и канализациони системи во Гевгелија и во населените места.

Комуналните служби на ЈПКД„Комуалец“ веќе од понеделник ќе започнат со подготвителните работи и изградба на нова канализација на оваа улица во Негорци. Веднаш потоа ќе биде извршено и асфалтирање на улицата.

Во втората фаза, предвидено е изградба и на атмосферска канализација на улицата „Ѓоко Тутушев“, која ќе уследи по финализирањето на техничката документација и дефинирање на системот за прифаќање на атмосферските води на оваа, најчесто поплавувана улица и при најмали поројни дождови. Исто така, нова канализација е предвидено да се изгради на улицата „Христо Узунов“ и на дел од улицата во Серменинска мала во Гевгелија. Дури потоа овие улици ќе бидат асфалтирани.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________