ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПОДОБРЕНА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

По ангажирањето на 12 невработени лица за времено извршување на јавни работи од страна на општина Гевгелија забележливо е подобрување на комуналната хигиена во Гевгелија и во населените места.

Имено, согласно Програмата на Владата на РМ за работно ангажирање на невработени лица, што ја реализира Агенцијата за вработување, на општина Гевгелија и беше одобрено времено ангажирање на 12 невработени лица. 

По распишаниот јавен повик  и завршената постапка, во соработка со Агенцијата за вработување во Гевгелија, овие невработени лица дваесеттина дена вршат јавни работи. Тие беа вклучени во чистењето и уредувањето на Вардарски рид, на другите јавни и зелени површини, но и на расчистување на одводни канали, како и делови во и од Богородица и другите населени места. Поточно, на сите оние локации кои беа предвидени со апликацијата и програмата за организирање на јавни работи. Нивната работа беше  координирана одстранана ЈПКД„Комуналец“ и надлежните општински служби.

Првичните согледувања од ангажирањето на невработените лица зборуваат за видливи резултати, пред се, во комуналната хигиена. Бидејќи овие лица работат и извршуваат јавни работи токму на локациите кои претставувале проблем или останале неуредени. Тоа несомнено ја оправдува и целата акција, барем што се однесува, до општина Гевгелија.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________