ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБЈАВЕНА ПРВАТА СТИХОЗБИРКА НА ОЛГИЦА ЌУРЧИЕВА

Во издание на ЈOУ Градска библиотека „Гоце Делчев" од Гевгелија излезе од печат дебитантската поетска книга на младата поетеса од Гевгелија Олгица Ќурчиева. Книгата е насловена како „Алотропски модификации на љубовта".

Авторот на рецензијата Стефан Марковски, за збирката нагласува:

-Овде имаме транссупстанцијација, метаморфоза на поетското битие и неговата повеќесмислена љубов (и самата метаморфирана) изразени низ движењето на еден молив способен за постојано кршење (несвршено дејство - ќе го кршам) на нечие срце, макар било изработено и од дијамант, како алотропска модификација на јаглеродот каде спаѓа и графитот, односно срцевината на моливот. Прашањето кое природно произлегува од овој посег на поетесата (или барем, лирското Јас) се однесува на дистинкцијата меѓу Јас и твоето, односно дали постои граница меѓу Јас и Ти, посебно имајќи предвид дека кај Ќурчиева наместо апсолутни контрасти и крајности наидуваме на мостови спружени меѓу крајности кои висат на конец, вели за збирката авторот на рецензијата Стефан Марковски.

Поетската збирка на Ќурчиева (1983) вклучува 40-тина песни на 60 страници пишувани во период од повеќе години, а е издадена со финансиска поддршка од општина Гевгелија.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________