ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЌЕ РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ-ОДЛУКАТА НА ЈПКД„КОМУНАЛЕЦ“ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ

Советот на општина Гевгелија, на својата 15. седница, закажана за петок, 13 јули 2018 година, ќе расправа и по Предлог-Одлуката за намалување на цената на услугите за прочистување отпадни води на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија, доставена од Управниот добор на ЈПКД„Комуналец.

Имено, Советот на општината на претходната седница побара од ЈПКД„Комуналец“ да бидат преиспитани критериумите за утврдување на цената за пречистување на отпадните води. 

По извршеното преиспитување на критериумите, Управниот одбор на ЈПКД„Комуналец“ на вчерашната седница донесе одлука за намалување на цената за прочистување на отпадните води за физички лица на 10,44 денари за метар кубен и за правни лица на 24,30 денари за метар кубен. Се очекува Советот на општината да даде согласност на ваквата одлука.

На седницата, која започнува во 11 часот, ќе се расправа по следниот дневен ред:

1.Предлог-Одлука за обезбедување финансиски средства  од Буџетот на општина Гевгелија за финализирање на проектот за водоснабдување на општина Гевгелија,во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP),

2.Предлог-Одлука за зголемување на Буџетот на општина Гевгелија за 2018 година (1),

3.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2018 година,

4.Предлог-Одлука за зголемување на Буџетот на општина Гевгелија за 2018 година (2),

5.Предлог-Решение за усвојување на финансовиот план на СОУ         "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија за проектот: "Обука на ученици за дигитален маркетинг и готвење",

6.Предлог-Одлука за користење на недвижна ствар во сопственост на општина Гевгелија,

7.Предлог-Одлука за отуѓување моторно возило во сопственост на општина Гевгелија,

8.Предлог-Решение за разрешување носители на функции во штабот за заштита и спасување во о.Гевгелија,

9.Предлог-Решение за именување носители на функции во штабот за заштита и спасување во о.Гевгелија,

10.Предлог-Одлука за измена на Одлуката за формирање универзални единици за заштита и спасување во о.Гевгелија,

11.Предлог-Решение за давање давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на цената на услуги на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за градски пазар и депонија, бр,02-95/5 од 25.01.2010г.

12.Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за на цената на услугите за прочистување отпадни води на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија,

13.Предлог-Решение за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за 2018 година.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________