ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА – ПЕТ СООБРАЌАЈКИ

Во текот на неделата, сметано од 16.07.2018 година до 22.07.2018 година, на подрачјето на Полициската станица Гевгелија, се случиле пет сообраќајни незгоди, во кои едно лице го загубило животот, седум биле тешко повредени, а еден лесно.

Најчеста причина за сообраќајќите е губењето на контрола над возилото, во четири случаеви, а за една сообраќајка причина бил алкохолот. Притоа, била причинета материјална штета од  150.000 денари.

Во наведениот период   спроведена  е една републичка акциска контрола   „Откривање на прекршоци кај возачите на моторцикли и мопеди“ при што биле  откриени 2 прекршока по акцијата и еден останат прекршок. Спроведени биле и три зајакнати акциски контроли „Брзо возење“ при што  откриени се 9 прекршоци по акцијата.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________