ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗАВРШИ САНАЦИЈАТА НА ПАТОТ МИРАВЦИ-ДАВИДОВО

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на денешната прес конференција

(среда 25.07.2018) информираше дека вчера заврши санацијата на регионалниот патот Миравци-Давидово. Во моментот се работи на тампонирање на патот Прдејци-Смоквица, кој потоа ќе биде асфалтиран. Овие регионални патишта, како и патот Гевгелија-Негорци,  се обновуваат и градат со доделените 180 милиони денари од Јавното претпријатие за државни патишта.

-Како што веќе реков станува збор за средства од државната каса, кои за нас се добредојдени, бидејќи средствата од општинскиот буџет можеме да ги користиме за други намени. На крајот на краиштата крајни корисници на ваквите вложувања, без разлика на изворот на средствата, се граѓаните. Што се однесува до патот Гевгелија-Негорци, од страна на Јавното претпријатие за државни патишта до крајот на јули ќе биде распишан тендер, која постапка ќе биде завршена до крајот на август, така што во рок од три месеци и овој пат ќе биде завршен, рече Поцков.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________