ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

МОНИТОРИНГ ЗА ОТКРИВАЊЕТО НА ПРИЧИНИТЕЛОТ НА НЕПРИЈАТНАТА МИРИЗБА

Граѓаните на Гевгелија, веќе подолго време се жалат на непријатната миризба која особено е изразена во попладневните и ноќните часови. Во летниот период тоа не само што предизвикува непријатно чувство, туку предизвикува и оправдана реакција на граѓаните,

кои бараат од општината да го открие предизвикувачот на оваа појава. Што се презема на тој план беше прашањето од ТВ Нова К12 упатено до градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, на вчерашната средба со новинарите во општина Гевгелија.

„Не е дискутабилно дека таква непријатна миризба е присутна во нашиот град, во ноќните часови, па, затоа јас како градоначалник сум повикан да обезбедам пристојни услови за живеење на сите граѓани на Гевгелија. Меѓутоа, до сега дискутабилна беше ситуацијата, бидејќи три економски оператори, односно фирми, се посочуваа како потенцијални предизвикувачи на миризбата, а сите три ја префрлаа топката од еден на друг. Тргнувајќи од нашата законска обврска да го откриеме причинителот на миризбата, минатата недела имавме средба со претставници на специјализирана лабораторија во нашата земја, која ги има сите технички инструменти за мерење, а има и сертификат како овластена фирма со лиценца да изведува такви веродостојни мерења. На средбата се договоривме наредната недела, тие да извршат мониторинг и мерење на трите потенцијални причинители на непријатниот мирис. Одиме со ваков мониторинг, бидејќи како специјализиран и сертифициран субјект, тие ќе стојат зад откриените наоди при мониторирањето и полесно ќе ги бранат, отколку тоа да го стори нашиот овластен инспектор по животна средина, чии наоди, потенцијалниот извор на непријатен мирис би можел да ги оспорува.

Бидејќи сите три фирми имаат елаборати и интегрирани Б дозволи за вршење на таа дејност, доколку се открие причинителот, ние како општина ќе им дадеме определено време да ги отстранат мониторираните неправилности. Доколку не го сторат тоа, ќе бидеме принудени да изречеме соодветни санкции. Интенцијата не е да казнуваме, туку да ги натераме фирмите да си го вршат својот бизнис но, во исто време да бидат и општествено одговорни за тоа, се во интерес на граѓаните на Гевгелија“.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________