ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВО НЕДЕЛА НАУТРО – ВТОРО АВИОПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот го организира второто авио-третирање против комарци во недела наутро, на 29 јули 2018 година.

Авиопрскањето ќе се изведе на 5741 ха., односно на целата територија на Југоисточниот плански регион, вклучувајќи ја и општина Гевгелија. Затоа се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека второто прскање е планирано да се изврши на 29.07.2018 годинаво раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 30.07.2018 година во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________