ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ОТВОРИ НОВА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА

ЛУКОИЛ Македонија  отвори нова бензинска станица пред влезот на Гевгелија, како и пред влезот во Грција, на преку преминот Богородица.

Ова е 30-та бензинска станица на ЛУКОИЛ  Македонија и е отворена во соработка со компанијата „Ранерс“, а втора е во непосредна близина на македонско-грчката граница.  Се наоѓа крај автопатот Е-75, во атарот на селото Мрзенци. 

Бензинската станица   e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата и се простира на површина од 3.400 м2, со објект од 420 м2. Во склоп на бензинската станица има ресторан со широк асортиман на вкусни јадења, паркинг за лесни и тешки возила.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со брендираното гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво,  ТНГ, масла од палетата на ЛУКОИЛ, широк спектар на дополнителен асортиман, wi-fi и други поволности.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________